Црвен крст Охрид и годинава организира подготовка за матурскиот испит за англиски јазик

Црвен крст Охрид и оваа година организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик. Курсевите се одржуваат во просториите на Црвен крст Охрид. На нив кандидатите ќе ги добијат потребните знаења по англиски јазик од страна на стручни и искусни предавачи, со што во целост ќе бидат подготвени за успешно полагање на матурскиот испит по англиски јазик.

“Би сакале да напоменеме дека во двегодишното спроведување на овој проект беа вклучени 30 матуранти и сите посетители на подготвителниот курс УСПЕШНО го положија матурскиот испит по англиски јазик. Следејќи ги искуствата од минатите години и потребите на кандидатите и оваа година начинот на спроведување на проектот ќе биде кандидатите да се подготвуваат преку  индивидуализиран пристап. Тимот на предавачи ќе го води Г-ѓа Зора Бушоска, професор по англиски јазик.”- информираат од охридскиот Црвен крст.

Пријавување и информации во Црвен крст Охрид секој работен ден од 08-16 часот, на телефонот 046 262 706 или е-маил: ohrid@redcross.org.mk.