Груевски: Очекуваме да продолжи трендот на зголемување на извозот

Премиерот Никола Груевски очекува и годинава да продолжи трендот на намалување на трговскиот дефицит со зголемување на извозот и намалување на увозот во земјава, како што беше во минатата 2013 година.

„ Според нашите анализи трендот ќе продолжи и оваа година. Добро е што минатата година заврши со пораст на извозот од 6,6 отсто, а увозот за 1,1 отсто што значи дека растот на извозот повеќе растел отколку растот на увозот,“– рече Груевски.

Тој нагласи дека извозот е еден од стимулаторите на профитот, а профитот пак е еден од стимулаторите на отворањето нови работни места.

„Задоволен сум што и покрај тешкотиите од европската должничка криза и ударот што дојде од нејзе врз нашите компании со намалени нарачки и помалку инвеститори од вообичаеното, сепак се успеа да се заврши годината со раст на извозот од 6,6 отсто и 1,1 отсто на увозот. Со тоа се намали и трговскиот дефицит за 176 милиони долари.“– додаде Груевски.