Полициски контроли во угостителски објекти со цел доследно почитување на измените од законот за заштита од пушење

 Денес СВР Охрид реализира самостојна акциска контрола што е во согласност со измените и дополнувањата на законот за заштита од пушење. Акцијата беше реализирана во повеќе угостителски објекти на целото подрачје на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

 На ниво на СВР Охрид, контроли беа извршени во 33 угостителски објекти и тоа: четири објекти во Охрид, седум во Струга, десет во Дебар и во дванаесет угостителски објекти во Кичево. Притоа, во осум угостителски објекти констатирани се седумнаесет прекршоци од физички и четири прекршоци од правни лица. Во два угостителски објекти во Охрид,  пет прекршоци биле сторени од физички лица, исто толку имало во Струга, во Кичево евидентирани се четири прекршоци од физички лица затекнати во два угостителски објекти, а во Дебар имало три прекршоци од физички лица во два угостителски објекти.

 Денешната акциска контрола има превентивен карактер со цел доследно почитување на измените и дополнувањата од законот законот за заштита од пушење според кој и униформираните полициски службеници имаат обврска во делот на примена на овие законски одредби.