Пановски во ОН во Женева го промовираше Охрид и Охридското езеро

Дејан Пановски денеска го промовираше Охрид и Охридското Езеро во Обединетите нации во Женева преку презентација со неколку охридски сувенири и преку споделување на брошура за рибниот фонд во Охридско Езеро.

„Искористен е добар момент за промоција на Охрид, но и за подигање на меѓународниот интерес за Охридското Езеро и тоа пред широк аудиториум составен од претставници од сите страни на светот.“ – вели македонскиот претставник од Билатерален секретаријат за сливот на Охридско Езеро, Дејан Пановски.

Инаку Пановски во ООН во Женева учествува на работен состанок на избраните водни прекугранични басени каде реферира за напредокот околу Дримскиот дијалог и проект. Воедно тој беше и избран за еден од панелистите на состанокот на кој главна тема е предизвикот од конфликтот помеѓу водата и енергијата, што и тоа како е предизвик и за Дримскиот басен и за Охридското езеро како ресурс кој страда од брзи промени на нивото.

PanovskiZeneva2