ВМРО-НП: Градоначалникот уште еднаш да ја преиспита одлуката за приватизација на уличното осветлување

ВМРО- НП денес одржа прес конференција, на која реагираше на намерата на Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески  за јавно – приватно партнерство (Приватизација) на уличното осветлување.

„ВМРО – Народна партија реагира до Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, наместо  да одат  со приватизација на уличното осветлување, замената на постоечките стандардни светилки со led  диодни светилки да го изврши самата Општина Охрид. Имено, на една од последните седници на Советот на општина Охрид беше донесена  одлука од страна на владејачкото мнозинство за ЈПП (јавно – приватно партнерство) и беше усвоена физибилити студија за оправданост на истата. Од самата студија иако се наведени не баш точни (намерно) податоци, се сугерира уличното осветлување да се даде на партнер во период од 15 години, кој за одреден период би ги заменил сите светилки со штедливи led светилки и да управува со уличното осветлување во следните 15 години, а во тоа е вклучено и целиот профит од наплатата за улично осветлување да оди кај партнерот.“– истакна претседателот на ВМРО НП, Ванчо Костоски.

Костоски рече дека во Општина Охрид моментално имало окмолу 7627 светилки и приходот за истите околу 1 000 000 евра годишно, а трошокот околу нив изнесувал околу 750 000 евра,  така да на годишно ниво останувале околу 250 000 евра.

„Нашиот предлог како партија е градоначалникот Бакрачески уште еднаш да ја преиспита одлуката за приватизација на осветлувањето и за почеток овие 250 000 евра да ги искористи за класично купување на штедливи светилки и тие да бидат заменети во еден дел од градот (Бул. “Туристичка“), па ќе се види ефектот од истите на пилот проект односно ке се види каков кавлитет на светлина даваат во споредба со сегашниов, со која јачина (флукси) ке биде осветлено мерното место и колкава ке биде заштедата во енергија . Ако овај пилот проект се покаже успешен да се примени дел по дел низ целиот град и за период од 4-5 години виз целиот град ке се променат сите сијалици а уличното осветлување ке остане  на Општина Охрид.“- рече Костоски.

Од ВМРО НП се надеваат дека градоначалникот Бакрачески ќе ја прифати оваа нивна сугестија и уличното осветлување ќе остане на Општина Охрид и нема да заврши во некоја Скопска ЕЛЕКТРА или некоја фирма од струшкиот регион.