Во два различни случаи на криумчарење мигранти откриени 14 лица од Еритреја, Сирија и Авганистан

Oделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и редмисија поднесе кривични пријави против лицата Д.Д. (33) од Неготино со престојувалиште во село Дуброво и Т.В.Џ. (34) од Неготино, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – ’криумчарење мигранти“.

Имено на 15 овој месец околу 21 часот првопријавениот во предходен договор со второпријавениот за сума од сто евра превзел на локалниот кај бензинската пумпа на Лукоил, на стариот пат за село Богородица за влез во Гевгелија, вкупно пет мигранти од Еритреја, кои ги прифатил и превезувал со ПМВ марка „Нисан“ со бугарски национални ознаки сопственост на бугарска фирма од Петрич а со издадено одобрение за полномошно на второпријавениот, Возилото е запрено од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица во близина на базата на Македонија. Првопријавениот е лишен од слобода и приведен и задржан во ПС за ОН Гевгелија, додека за второпријавениот беше распишан централен распис и наредниот ден (16.02.) во 10.20 часот истиот е лишен од слобода од страна на ПС за ОН Неготино.

Кривичната пријава како итен предмет е доставена до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, и од страна на истражен судија од Основен суд Скопје 1 им е определена мерка притвор од 30 дена, а мигрантите се сместени во прифатен центар за странци во Скопје.

Покрај овој случај Oделението за прекуграничен криминал и миграции поднесе кривична пријава и против лицата А.Б. (23) од село Здуње, гостиварско, Е.А. (22) од село Врбјани, мавровско, Е.Б. (20) од село Балин Дол гостиварско и Н.А. (21) од село Врбјани, мавровско, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “криумчарење мигранти“.

Имено, на ден 14 овој месец околу 23.00 часот кај м.в „Казино Сенатор“ во близина на локалниот пат Гевгелија-Богородица пријваените по предходен договор со две ПМВ „Опел Омега“ и „Фолксваген Кеди“ двете со госитварски регистарски таблички управувани од Е.А. и Н.А. заминале до Гевгелија, каде што прво и второпријавениот прифатиле, а потоа во ПМВ „Опел Омега“ превезувал двајца мигранти, сириски државјани, а пак Н.А. и Е.Б. во второто возило („Фолксваген Кеди“) прифатиле и превезувале девет мигранти од кои петмина државјани на Сирија а четворица државјани на Авганистан., кои што ги оставил на регионалниот пат Гевгелија-Богданци кај м.в„Краварски пат“, предходно избегнувајќи полициска контола на м.в „Раскрсница Богородица“, каде што полициски службеници го сопреле првото возило („Опел Омега“)

Прво и второпријавениот се лишени од слобода, додека Е.Б. е приведен наредниот ден (15.02.). Кривичната пријава како итен предмет е доставена до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а од страна на истражен судија при Основен суд Скопје I на тројцата приведени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а за четвртопријавениот Н.А. е распишан централен распис. Мигранти се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.