Во Шпанија еден студент во кома и 10 во тешка состојба откако изеле торта со марихуана

Еден студент паднал во кома, а уште 10 се наоѓаат во тешка состојба откако изеле роденденска торта со марихуана.

Деканот од мадридскиот универзитет кој брои околу 12 илјади студенти, изјави дека станува збор за студенти кои студираат ветерина и се на возраст од 18 до 22 години.