ЈП „Нискоградба“ денес на терен изведуваше повеќе активности

Екипите на ЈП „Нискоградба“ денес на терен изведуваа повеќе активности, а се со цел подобрување на квалитетот на живеење на жителите на општина Охрид.

Се работи на чистење на шахти за одведување на отпадни води во училиштето во населба Даљан, санирање на улицата „Пере Тошев“, приклучување на објекти на системот за одведување на отпадни води и уредување на просторот на крстосницата кај чинарот Горна Влашка мала со поставување на фонтана и клупи.