Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на Општина Охрид

Во рамките на наставните активности, учениците од трето и четврто одделение од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ денеска ја посетија општина Охрид. Тие ги разгледаа кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески, работните простории на администрацијата и салите за состаноци.

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ имаа средба со претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, при што се интересираа за функционирањето на  Локалната самоуправа и локалната администрација. На крајот на средбата порачаа дека доколку нешто не им е јасно, писмено ќе се обратат за да добијат одговор на прашања во врска со функционирањето на општина Охрид.

Poseta_ucenici_Kliment_4853