ВМРО-ДПМНЕ: Да потенцираме дека владеењето на правото и законските норми се основни темели кон кои се потпира една држава

Во врска со соопштението од ВМРО-НП Охрид,  реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во којa стои:

„Најмалку очекувавме преставниците на Народна да бидат повикани и  да укажуваат на верските и државните норми со оглед дека во нивното спојување со СДСМ очигледно преовладувал и преовладува само личниот интерес а никако интересот на граѓаните и државата. Бидејќи имаат проблем со законските и правни норми што се докажа со растурањето на еден град каков што е Охрид кое го направија заедно со СДСМ , сакаме да потенцираме дека владеењето на правото и законските норми се основни темели кон кои се потпира една држава. Оттаму почитувањето и обврските кон законите на Република Македонија е обврска на сите граѓани на Република Македонија. Тука нема што да се коментира и од тоа не се прават обиди за политички поени. Тоа само ја покажува натамошната интенција на Народна и СДСМ за безредиа, безаконие кое го практикуваа. Од таму е јасно како поминуваат и како ќе поминат пред граѓаните и на овие наредни избори.“– стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.