Македонското знаме, со димензии 5 метри на 2 метри, е насликано на еден од ѕидовите во дворот на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.
„Ова знаме е најголемо во Охрид. Знамето во дворот на училиштето е насликано со цел подигнување на националната свест кај најмладите“, – информира директорот на ОУ „Христо Узунов“ м-р Тони Симоновски.