Запленети 1,4 тони кокаин во Франција

Француската полиција заплени рекордна количина кокаин, со тежина од 1,4 тони, во француското пристаниште Ле Хавр.

Според известувањето на полицијата, уапсени се двајца Шпанци и двајца Бугари, по темелната акција која следела веднаш по откривањето на кокаинот. Вредноста на товарот се проценува на околу 370 милиони долари.

Претходно, во септември, француската полиција заплени 1,3 тони кокаин сокриени на лет од Венецуела, кога беа уапсени повеќе од 20 лица.