Се финализира изградбата на мини плоштадот во „Горна влашка маала“

Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ и останатите општински јавни претпријатија  ја финализираат изградбата на мини плоштадот, што се наоѓа на крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ .

На малиот плоштад кој е  со површина од 15о метри квадратни, се поставуваат 80 метри квадратни бехатон плочки, 70 метри квадратни бетонски плочки, производство на ЈП „Градски гробишта“ , 100 метра ивичници и 50 метра кубни тампон.

За кратко време плоштадот хортикултурно ќе биде уреден и ќе бидат поставени клупи и фонтана. Според она што беше договорено на неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од Урбаната заедница „Горна влашка маала“ ќе се санираат и тротоарите на оваа крстосница и ќе се реализираат и други комунални зафати.

Во текот на 2014 година планирано е оплеменување на  триесетина вакви простори и уште толку спортски и детски игралишта во урбаните и месните заедници.

mini_plosta_gvm_4851 mini_plosta_gvm_4852 mini_plosta_gvm_4853