ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот на ВМРО-НП претставува врв на хипокризија и лицемерие

Предлогот на ВМРО-Народна партија, државата да управува со колекторскиот систем претставува врв на хипокризија и лицемерие, реагираше на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Атанаско Михаилов.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески го презедоа јавното претпријатие, долговите на тоа претпријатие изнесуваа повеќе од 8 милиони евра. Таму осум години директоруваше кадар на ВМРО-Народна“, изјави Михаилов.

Според него МЈП „Проаква“ е едно од најзадолжените јавни претпријатија , а за тоа, како што рече, главен виновник било претходното раководство.

„Борбата за враќање на јавното претпријатие на нормално патеки и враќањето на долговите е започната.Ова не е договорна економија па државата ќе дели пари каде што сака. Ќе се направи програма за ревитализација на јавното претпријатие и програма за санација на долговите. Не може двајца луѓе да седнат и да направат план за бришење на долговите“, додаде претседателот на Охридскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Атанаско Михаилов.

Извор: Супер радио