Заврши 51-виот Мавровски Меморијал

Заврши 51-виот „Мавровски Меморијал“. Наградите на најуспешните од двата дена им ги доделија, Марјан Спасески – директор во Агенцијата за млади и спорт, Мукрем Мехмети – градоначалник на Маврово и Ростуше, Васко Сокле, потпретседател на ски здружение Мавровски меморијал и Кочо Кираца – претседател на ски здружение Мавровски меморијал.

Еди Дадиќ од Хрватска и Теодора Малчева од Бугaрија победија на денешните трки на Мавровскиот меморијал.

Хрватскиот олимпиец во нордиско трчање Еди Дадиќ победи на денешниот натпревар на 5 километри во нордиско трчање што се одржа на патеката „Мирна долина“ на Бистра. Тој патеката ја мина за 12 минути 52 секунди и 1 десетинка.

Второто место го освои вчерашниот победник Андреј Гридин од Бугарија, кој имаше заостанување од 4 секунди, додека третата позиција му припадна на Андреј Буриќ од Хрватска. Најдобропласиран македонски натпреварувач е Дарко Дамјановски кој го освои 5.место со време 13:45.8 или 53.7 секунди зад победникот. Тони Станоески се пласира на 11.место, а Ѓорѓи Ицоски на 12.место.

Кај жените првите две места повторно како и вчера им припаднаа на натпреварувачките од Буграија. Денеска победи ланската победничка во Маврово, Теодора Малчева со време – 15:19.8 минути пред вчерашната победничка Антонија Григорова – Бургова, која заостана 4.6 секунди.

Од нашите натпреварувачки Росана Кироска истокако и вчера го освои 9.место, додека Марија Колароска повторно не ја заврши трката.

Во генералниот пласман на земјите учеснички, Бугарија е прва со шест медали, Хрватска со пет и Србија со еден медал.