Претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски меѓу симпатизерите и членовите на ОО ГРОМ Охрид

„Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегаат“ – истакна на средбата со своите симпатизери и подржувачи проф. д-р Поповски.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Проф. Др. Зоран Поповски, денеска се претстави пред симпатизерите и членовите на О.О. Гром Охрид, кои во голем број се собраа за да го поздрават и да ги слушнат неговите идеи и планови.

„Бројката на собрани потписи за претседателскиот кандидат проф. д-р. Зоран Поповски за неполни 48 часа, значи дека Колоквиумот го положивме, пред нас е испит кој исто така ќе биде успешен“ – истакна претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

„Професор Поповски, кој е докажан универзитетски професор и предава на три факултети на скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“ и кој има искуство како професор и на врвни универзитети во светот, полиглот, сеемен човек и личност која има визија за горливите политички прашања во државата како што се војска, социјални прашања, економија, евро-атлантски интеграции и етничка стабилност, е идеален кандидат за оние гласачи на кои им е доста од плукања, препукувања и политичка и социјално-економска нестабилност во Македонија. Токму затоа третата опција која што ја нуди ГРОМ е за вистински добра Македонија“ – велат од партијата.

Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегааат. Закочените евро-интеграциски процеси мора да се откочат , мора да се оди на патот на придружување кон Европа и НАТО, а со соседите мора да се има разбирање и соживот“, рече претседателскиот кандидат Поповски, кој истакна дека ќе биде мегафон на граѓаните и дека собраните потписи се чест, но истовремено и голема одговорност.

И претседателскиот кандидат, проф. др. Зоран Поповски и претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски очекуваат одлични резултати, како на претседателските, така и на претстојните предвремени парламентарни избори, затоа што како што истакнаа ГРОМ е партија на сите граѓани на Македонија.

„Никој не избира дали ќе се роди како Македонец, Србин, Влав, Албанец, Турчин, Ром, но секој граѓанин на Македонија има право на убав живот, право на слобода и демократија“, истакнаа и Поповски и Јакимовски.