Кривична пријава за двајца охриѓани и двајца кичевчани поради извршени тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид  поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево.

Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна машина сопственост на „Охридски комуналец“ кај месноста „Мауцкер“ одзеле два акумулатори, а од неколку викенд куќи во населбите Чекоштина, Габавци и селата Вапила, Рамне, Рача и Лакочереј, одзеле мотокултиватор со фреза и прскалка, бакарни пумпи, месингани прскачи, рачна пумпа за вода, бормашина, шлајферица, музички систем со звучници, алкохолни пијалоци, низалки со суви пиперки, венци кромид и други предмети.  На тој начин тие се стекнале со против-правна имотна корист од 157.500 денари.

Пријавените А.Е. и Е.Б. од Кичево, кражбите ги извршиле во периодот од декември минатата до февруари оваа година. Користејќи подесен алат и физичка сила, тие ги кршеле бравите од влезните и балконски врати на повеќе куќи во Охрид и одземале пари, златен и сребрен накит, бижутерија, лап-топ комјутери, рачни часовници и други вредни предмети. Со тоа, А.Е. и Е.Б. се стекнале со против-правна имотна корист од 221.000,оо денари.