Митровиќ: Локалната самоуправа предводена од градоначалникот и ВМРО ДПМНЕ целосно се посветени кон подобрување на секој сегмент во Охрид

ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која секогаш ги исполнува дадените ветувања. ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која секогаш е со народот. Ваквиот пристап е основна појдовна точка кон развојот на едно општество, локална самоуправа и држава, рече на денешната прес конференција, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.

 „Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ целосно се посветени кон подобрување на секој сегмент во градот Охрид.  Токму поради тоа денес согледуваме целосно контрасна состојба помеѓу она што беше во времето кога СДСМ направи Охрид да е најзадолжена општина во Македонија.Од друга страна за само една година ВМРО ДПМНЕ со градоначалникот Бакрачески направија Охрид да добие свој препород. “– истакна Митровиќ.

Митровиќ посочи дека денес се соочуваме со различни позитивни факти кон подобрување на состојбата на градот Охрид, а како што рече, еден од тие примери било и подобрувањето на патната инфстрактура и реконструкција на патиштата во Општината. 

„Асфалтирана улицата  „Радојца Новичиќ“ во површина од 9873м2,, асфалтирана улицата Сирма војвода со површина од 4517 м2, асфалтирана улицата Богомилска со површина од 1743 м2, асфалтирана и комплетно реновирана улицата Петрино со површина од 2000 м2, асфалтирана улицата Крум Точко со површина од 1940 м2. Асфалтирани делови од улиците АСНОМ со површина од 1800 м2,дел од улицата Јане Сандански со површина од 1950 м2, проширена улицата Ристо Чадо, асфалтирани се поголем дел на тесни улички пред значајни институции како што се градинки, училишта и уште многу други примери низ селските средини на Општина Охрид.“– потсети Митровиќ и додаде дека тоа преставувало само мал дел од подобрувањето на целосната инфраструктура на градот Охрид.

„Ја прашуваме ОО СДСМ, каде беа во нивните мандати да се присетат на подобрување на патната инфраструктура на градот? Познати ли им беа на СДСМ потребите на нивните сограѓани за подобро инфраструктурно уредување?“- запраша Митровиќ.

Митровиќ рече дека градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа како и ВМРО ДПМНЕ своите ветувања ги изразувале преку дела. На прес средбата, портпаролот Митровиќ, потенцира дека за само период од нецела година градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ покажале интерес кон подобрување на секој аспект од секојдневното живеење на жителите на Охрид –  нешто за кое што рече, не било својствено за СДСМ во цели осум години.

„ ВМРО ДПМНЕ е партија која има докажан кредибилитет и успех во сите други дејности за подобрување на градот Охрид. Тоа граѓаните многу добро го препознаваат и затоа уште еднаш ќе ја покажат довербата кон ВМРО ДПМНЕ на престојните избори.“– заврши Митровиќ.