Познати четвртфиналните двојки од турнирот во мал фудбал

Во организација на ЈП „Билјанини Извори“, а под покровителство на Локалната самоуправа Охрид, утре и задутре, на 8-ми и 9-ти март (сабота и недела) ќе се одржи турнир во мал фудбал на кој ќе учествуваат 8 екипи од јавните претпријатија, Општина Охрид и Советот на град Охрид. Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат од 14 до 18 часот во сабота (8-ми март) додека полуфиналните и финалните натпревари ќе се одиграат од 12 до 14 и од 18 – 21 часот во недела (9-ти март).

На денешната ждрепка која се одржа во просториите на ЈП „Билјанини Извори“ пред присутните претставници на сите екипи беа извлечени четвртфиналните двојки:

1. ЈП „Нискоградба“ – ЈП „Охридски Комуналец“

2. Совет на град Охрид – ЈП „Билјанини Извори“

3. Општина 2 – ЈП „Градски Пазар“

4. МЈП „Проаква“ – Општина 1

TurnirMart2014_02