Премиерот Груевски на конгрес на ЕПП во Даблин

Премиерот Никола Груевски учествува на 22- риот Конгрес на Европската народна партија што се одржува деновиве во Република Ирска.

На конгресот учествуваат 12 шефови на влади на држави од Европската унија и раководството на ЕУ, кое доаѓа од Европската народна партија. Во овие два дена во Даблин ќе се избира претседател на ЕПП и нивен кандидат за претседател на престојните избори во ЕУ.

Во Даблин се присутни 2000 учесници и над 800 делегати. Во делегацијата која ја предводи Груевски се и Mартин Протоѓер, Никола Поповски и Влатко Ѓорчев, како делeгати кои имаат право на глас на овој Конгрес.