Соопштение за организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за нацрт детален урбанистички план за УЗ.5, УБ 5.3 Охрид

Согласно член 24 од   Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 51/05, бр.137/2007,бр.91/2009,124/10,18/11,53/11,144/12,55/13,70/13,163/13) Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА

НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ.5, УБ 5.3 ОХРИД 2009-2014

1. СЕ СООПШТУВА на граѓаните на град Охрид дека е организирана   повторена јавна анкета и јавна презентација за  Нацрт-Детален Урбанистички План за УЗ.5, УБ 5.3.

2. Просторот на планскиот опфат  во Нацрт-Детален урбанистички план  за УЗ 5 УБ 5.3, опфаќа граници помеѓу  улиците. „Булевар Туристичка“, „Пирин Планина“, „Прв Градски Ринг“ и ул. „И.Дуданоски“. Повторената Јавна анкета  за Нацрт планот  ќе трае од  06.03.2014 година заклучно со 19.03.2014 година.

3.Повторената Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 10.03.2014 год. во 12 часот.

4. Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид  пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае  јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

Градоначалник,

Никола Бакрачески