Форумот на жени на ОО СДСМ Дебарца го одбележа 8ми март

Форумот на жени на Општинската организација СДСМ-Дебарца денеска го одбележа  Денот на жената-8 март. Активистките на СДСМ Дебарца ги посетија домовите на жителите во населените места во општината и на постарите припаднички  на понежниот пол им поделија симболични подароци .

„На овој начин со овој гест сакаме да им оддадеме почит и да им го честитаме празникот на сите жени, бидејќи тие се основниот столб не само за семејството туку за целото општество. 8- ми март е ден кога ја одбележуваме борбата на жената за рамноправност, еманципација и мир. Социјалдемократијата историски е поврзана со борбата за права на жените. Почетна основа беше Резолуцијата на Конференцијата на социјалистичката интернационала на жени од 1907 година, за правото на жената да гласа. Социјалдемократијата се залага пред се за ослободување на жената како човек. Во таа смисла се залагаме за современ свет во кој мажите и жените се раѓаат еднакви“.– велат од Форумот на жени на ОО на СДСМ Дебарца.