Натпреварувачката комисија на ФФМ со делегатите од Прва и Втора Лига одржа работен состанок пред почетокот на финалниот круг од националното фудбалско првенство. На состанокот се дискутираше за актуелностите со кои се соочуваат делегатите на натпреварите, се даваа конструктивни предлози за обврските со кои се соочуваат и предлози за соочување со непредвидени ситуации.
Иницијативата на ФФМ е во насока да се содржат сите предуслови за квалитетен тек на финалниот круг од првенството и да се укаже на намерата дека на сите клубови и фудбалски работници ќе им биде овозможено фер и спортско работење од аспект на обврските кои ги има натпреварувачката комисија на федерацијата.