ЈП „Билјанини Извори“: Шокирани сме од веста за трагичното загинување на Петар Милошевски

Во врска со трагичното загинување на директорот на фудбалската репрезентација Петар Милошевски, од ЈП „Билјанини Извори“ преку соопштение изразуваат  сочуство до најблиските и до сите вработени во ФФМ.

„Почитувани, Шокирани сме од веста за трагичното загинување на Петар Милошевски. Македонскиот фудбал загуби голем човек, човек кој живееше за фудбалот кој живееше за спортот. Ние изгубивме пријател, пријател кој имаше големи фудбалски планови и визија за Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори за што поконкретно бевме запознаени и за време на неговата посета минатата есен. ЈП „Билјанини Извори“ изразува големо сочуство до најблиските и до сите вработени во Фудбалската федерација на Македонија. Почивај во мир Пеце!“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.