Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Нинослав Марина, потпишаa Меморандум за соработка, чијашто цел e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции.
Посебно ќе биде ставен акцент на следниве активности од делокругот на Агенцијата:
– обработка на големи количества на податоци (Big Data);
– анализа на програмите на радиодифузерите при нивното тековно работење и во изборни пeриоди;
– следење на почитувањето на Законот за авторски и сродни права од страна на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи;
кои ќе се реализираат преку заедничка соработка на проекти од програмата Хоризонт 2020 и претпристапните инструменти како ИПА и др.