Граѓаните на Охрид како и пошироката јавност изминативе денови беa во исчекување на одговори од страна на СДСМ на поставените прашања за енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година. Вака рече на денешната прес конференција, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.
„Прашања за суми на средства кои беа изнесени од ВМРО ДПМНЕ пред се со цел на граѓаните на Охрид да им се прикаже начинот на работа на социјалдемократите. Во исчекување на одговор за недомаќинското работење од страна на СДСМ, обелоденуваме потрошени суми на средства и прашуваме…. Дали овие милионски суми се потрошени средства за СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА во периодот 2005-2013 година март месец…. 2005 година вкупно патни расходи во земјата и странство 752,632 денари, 2006 година вкупно патни расходи во земјата и странство 1,902 034 денари ,2007 година вкупно патни расходи во земјава и странство 1,773,944 денари ,2008 година вкупно патни расходи во земјава и странство 1, 764,455 денари ,2009 година вкупно патни расходи во земјава и странство 1,884,035,50 денари,2010 година вкупно патни расходи во земјава и странство 4, 140,594 денари, 2011 година вкупно патни расходи во земјава и странство 1, 508,213 денари ,2012 година вкупно патни расходи во земјава и странство 2,550,602 денари, 2013 до 04.04 вкупно патни расходи во земјава и странство 397,047 денари. На вртоглавите суми на потрошени средства во истакнатиот период во секој домен од раководењето на Локалната самоуправа од СДСМ, од потршени средства за горива и масла на службените возила, од огромните суми на репрезентации до огромните суми потрошени за службени патувања, ќе мора да се открие и потребата и целите за потрошените средства. “-реагираше Митровиќ.
Од Ок на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат која била целта за огромната потрошувачка на овие службени патувања во земјава и странство, кои биле придобивките од големиот обем патувања и кој е ефектот за подобрување на стандардот на граѓаните на Охрид.
„Граѓаните на Охрид и пошироката јавност и за оваа тематика бара отчетност од страна на СДСМ.“- додаде Митровиќ.
На прес средбата Митровиќ потенцира дека градоначалникот Бакрачески, Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ секогаш водат политика базирана на факти и реални податоци.
„Секогаш водат политика на отчетност и транспаретност и секогаш водат политика во интерес на народот. Тоа е разликата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и политичките опоненти. Тоа е разликата која ја препознава народот и несомнено уште еднаш ќе ја насочи довербата кон ВМРО ДПМНЕ.“- заврши Митровиќ.