Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, каде настапуваа натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија.
Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а учествуваа околу 150 припадници на АРМ беше потврда за масовното учество на ова натпреварување, но и за изградбата на физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на задачите.
Во машка конкуренција на патеката од 10 km прво место освои капетан Игор Јакимовски од полкот за специјални операции, второ место професионален војник Добре Кузмановски од баталјонот на Воена полиција, а третото место го освои професионалниот војник Игор Цветановски од од полкот за специјални операции. Во женска конкуренција најдобро пласирана беше питомец Благица Димитрова од Командата за обука и доктрини, второ место освои постар водник прва класа Марија Пеликон од баталјонот за почести а третото место го освои професионален војник Верица Параскова од полкот за специјални операции.
Во екипна конкуренција кај мажите првото и второто место го освоија екипте на полкот за специјални операции, а трето место освои Центарот за обука на питомци. Во женска конкуренција екипно, прво место освои екипата на Командата за обука и доктрини, второпласирана е екипата на баталјонот на Воена полиција, а трета е екипата на баталјон за почести.