ВМРО-НП: На првиот ребаланс на буџетот ќе предложиме изградба на 5 до 7 регионални депонии во Р.Македонија

Долгогодишните најави на Владата на Република Македонија за изградба на регионални депонии беше темата на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-НП Охрид.

„Пред секои избори значи доаѓаме до вакви најави меѓутоа ВМРО-НП ќе го каже следново: После 27-ми април од новата Влада на Република Македонија на првиот ребаланс на буџетот ќе ги предложи следните мерки, односно изградба на 5 до 7 регионални депонии во Република Македонија кои што по наша проценка ќе коштаат многу помалку отколку најавата за тунелот кој што треба да се гради во Скопје кој би коштал 100 милиони евра, за два до три километри тунел од Соборна црква до Железничка станица, воздушна линија два до два и пол километри, така што мислиме дека граѓаните на РМ заслужуваат многу повеќе од тоа, односно овие фрлени 100 милиони евра кои не се потребни барем во следниве 20-тина години нема потреба Скопје од таква работа, треба да се дадат за друга намена. “– рече претседателот на ОК на ВМРО-НП Охрид, Ванчо Костоски.

Претседателот Костоски се осврна и на најавата на Владата на Р. Македонија за изградба на панорамско тркало во Скопје.

„Исто така, најавата на Владата на РМ за изградба на панорамско тркало на Скопје, кое што служи за забава,  ќе не кошта некаде околу 18 милиони евра. Значи фрлени 18 милиони евра за панорамско тркало, тотално непотребно во овој период и фрлени 100 милиони евра, кои што треба да се дадат наводно за тунелот кој што треба да оди под центарот на Скопје, да се пренаменат во многу корисни работи. Една од тие покорисни работи е најавата за изградба на овие 5 до 7 регионални депонии, така што РМ треба да стане лидер, со оваа сума на пари, треба да стане лидер на Балканот каде ќе биде целата држава опфатена со вакви регионални депонии, нема да ги гледаме пејзажите како што се нашите депонии моментално низ Р.Македонија.“– рече Костоски и додаде дека ВМРО-НП Охрид за почеток ќе го предложи и направи следното:

„За почеток ќе предложиме и ќе го направиме следното: Некаде 20 до 25 општини се со рангот на Охрид, со големина, ќе предложиме од Владата на Р.Македонија да се дадат донации до сите овие општини за претоварни станици. Една таква претоварна станица кошта некаде околу 200 илјади евра. Сами ќе проценат граѓаните дека 200 илјади евра се многу мала пара, може и самата општина да си го допушти тоа, да се реши еден ваков проблем. Ако ВМРО-ДПМНЕ прашаат од каде овие пари, ние ќе им кажеме само скратете ги 18 милиони евра за панорамско тркало и цела Македонија ќе ја направите со претоварни станици и ќе бидеме број 1 на Балканот и пошироко“-додаде Костоски.