Во Белчишта ќе се одржи свечен хепенинг за успешно завршениот проект „Заедно до почиста општина“

По повод успешно реализираниот проект „Заедно до почиста општина“,  утре  ќе се одржи свечен хепенинг со почеток во 12 часот во с.Белчишта, каде ќе настапи охридскиот пејач Ѓоко Танески. Учениците од ОУ „Дебрца“ изготвија цветни украси со разни декорации кои ќе бидат изложени во продажната акција која ќе започне во 11 часот. Исто така во овој проект на Министерството за животна средина и просторно планирање „Македонија земја на розите“ ќе се организира засадување на рози од страна на учениците, локалната самоуправа и градоначалникот  Игор Трајкоски.