Завршуваат шест месечните обуки за поефективна општинска администрација

Со донесување на финалниот извештај со препораки во наредниве два дена во Маврово ќе бидат заокружени обуките за само оценка при работа COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF),што по барање на градоначалникот Никола Бакрачески во изминативе шест месеци ги спроведуваше Британската Амбасада и Центарот за управување со промени од Скопје а со цел професионализација на вработените во општина Охрид и нивна поголема ефективност при услужување на граѓаните.

При донесување на финалниот извештај во Маврово покрај 15-те вработени кои беа дел од обуките а се од различни општински сектори , ќе присуствуваат и градоначалникот Никола Бакрачески со раководителите на секторите, со цел да ги увидат силните страни како и областите за подобрување со наведување на конкретни и со рокови поврзани мерки и активности за подобрување.

Во изминатиов шест месечен период колку што траеја обуките за само проценка при работа, се спроведе процесот на само – оценување каде се направи преглед на во моментов силните страни и областите за подобрување во локална самоуправа и се определија предлог активности за подобрување на работењето на општината во однос на 9 критериуми: Лидерство; Стратегија и планирање; Луѓе; Партнерства и ресурси; Процеси; Резултати ориентирани кон корисници; Резултати насочени кон луѓето во организацијата; Општествени резултати и клучни резултати од работата како и 28 пот -критериуми на CAF. Методот на работа се состоеше најпрво од индивидуална проценка на секој член од тимот одделно за секој критериум со пот критериумите, потоа координаторот ги групираше сите индивидуални проценки и по заедничка подолга дебата секој ги изнесуваше своите ставови, се формираше групна проценка, со консензус на работниот тим. За секој критериум беа најпрво посочувани силните страни , па областите за подобрување со наведување на конкретни и со рокови поврзани мерки и активности за подобрување.

Имајќи во предвид дека општинската администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на ЕУ се очекува по имплементирањето на CAF , Охрид да добие современа и едуцирана локална администрација во насока на унапредување на менаџирањето со квалитетот.