Дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ја дочекаа пролетта

На градскиот плоштад денеска се реализираше манфестацијата „Да ја дочекаме пролетта“.

На манифестацијата учество зедоа дечиња од 5-10 годишна возраст од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, кои  со дефиле под пролетни маски настапија со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта.

Се реализра и активноста „Да го прегрнеме Езерскиот бисер“, а се со цел да се упати порака дека треба да го чуваме и заштитуваме.

Дел од манифестацијата се одвиваше во рамките на детската градинка каде се собираше хартија и пластична амбалажа.

WebOhrid