По повод Денот на пролетта, денеска и во Општинскиот Електромашински Училишен Центар „Свети Наум Охридски “се спроведе пролетна акција за чистење и уредување на училишниот двор. Во акцијата беа вклучени сите ученици, професори и вработени во училишето.
„Беше организирано чистење и уредување на училишниот двор, беа засадени цвеќиња, се фарбаше оградата околу училиштето. Исто така се исфарба игралиштето, стативите, кошовите, се промени и заштитната ограда на игралиштето“- изјави за WebOhrid, директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, – Јане Цаноски .
Ангелче Андриоски