Иванов: Ќе ја направам Македонија земја на благосостојба

Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО. Ќе продолжам со напорите за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, а за нашата подготвеност зборуваат петте извештаи. Го бараме она што сме го заслужиле, како за другите, така и за нас, рече кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на митингот во Охрид.

„Додека се движиме кон ЕУ сами да ја создаваме ЕУ во Македонија, со секоја реформа ја правиме Македонија подобро место за живеење. Преговорите да се сведат на чиста формалнот, наша цел е Европа во Македонија и Македонија во Европа.Веќе 23 години се соочуваме со уцени притисоци од јужниот сосед кој бара да престанеме да бидеме тоа што сме. Толку време се бара да се откажеме тоа што сме биле, да се откажеме од сопстениот идентите. Идентитетот не ни е даден, тој го имаме. Идентитетот е дел од нас, и ние сме дел од него. И покрај сите блокади и притисоци издржавме, и ќе издржиме. Работите се менуваат и ќе продолжат да се менуват, полека и сигурно. Јужниот сосед останува се поосамен. Нема ниту една држава која може да му го оспори правото на Македонците да бидат Македонци. Ние не бегаме од дијалог, не се плашиме да седнеме и разговараме, напротив, постојано повикуваме, но се плаши оној што нема аргументи“ – рече Иванов.

Тој додаде дека како претседател нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, посебноста на нацијата, македонскиот јазик.

„Нема да дозволиме граѓаните да бидат обезличени. Само како Македонија и Македонци, Европа е придобивка за нас“- рече Иванов.

Иванов кажа дека ќе ја направи Македонија земја на благосостојба.

„Работев и ќе работам на отворање на нови пазари за македонските производи и нови пазари. Успешноста на политиката денеска се мери со отворени работни места, и видливи економски резултати. Досега се отворени 120.000 нови работни места, напорно работиме на овој тренд“ – посочи Иванов на митингот во Охрид.

„Ќе привлекувам странски инвеститори, компании кои ќе дојдат во Македонија. Охрид ги има охридската пастрмка, охридскиот бисер и охридската цреша. Ќе ги брендираме“ – рече Иванов.

Извор:  Република