Станковски: Секој нов училишен ден претставува стрес, страв од ненајавена посета на инспекторските служби

ОК на ВМРО-НП Охрид, на денешната прес конференција се осврна на тема образование, односно состојбите со просветните работници во основното и средното образование.

„Образованието претставува темел на секое општество. Но, сепак тоа за да биде така пред се не  се битни само квантитавните фактори, туку  битно влијание имаат човечките ресу:рси, кои како релевантни фактори, треба да бидат стимулатори на образовната фела. Имено, во последно време сведоци сме на се поголемите притисоци врз наставниот кадар од страна на државниот просветен инспекторат. Се повеќе се губи оној вистински благороден лик на наставникот. Наметнувањето на иновациите, кои ја гушат  креативноста на наставникот, влијаат демотивирачки и секој нов училишен ден наместо да претставува мотив и инспирација за наставниот кадар, тој претставува стрес, страв од ненајавена посета на инспекторските служби кои својата некогашна советодавна улога веќе сега ја имаат претворено во тенденциозно казнена функција. Наметнувањето на разните техники кои божем претставуваат не знам каква новина, придонесуваат за еден невиден шаблонски пристап на работа кој го ускратува законското право на наставникот да биде креативен, пред се исполнет и желен да го пренесе знаењето на учениците на начин на кој што наједноставно тие би разбрале.“– обвини советникот од редовите на ВМРО-НП Охрид, Јоне Станковски.

Станкоски рече дека жалосно е што овие техники се наметнуваат од лица кои имаат најмалку стаж во воспитно-образовниот процес и непосредно не го почувствувале пулсот на учениковата личност,  како наставникот кој секојдневно, макотрпно се труди да допринесе во изградбата на една личност, да го пренесе знаењето, да биде втор родител, додека ученикот е на училиште и уште многу, многу други одговорности.

„Господата од инспекторатот (како личности, како луѓе во ред) не може да бидат фактори кои ќе ја вреднуваат, а уште помалку пак кои ќе ги казнуваат наставниците. Пред се тие не се доволно стручни и компетентни лица за извршување на таа неблгородна задача. Не може еден час да се реализира според личната замисла на еден инспектор или наставник или било кој. Благодетот и богатството во воспитно-образовната работа е пред се КРЕАТИВНОСТА на наставникот. Успех е ако еден час, односно една наставна содржина голем број наставници различно ја реализираат, според сопствени видувања прилагодувајќи се на структурата на паралелката односно учениците. Потоа не беа доволни годишни распределенија, па се наметна обврската и за месечни процесни распределенија, па евалуцаиони листи, па чек листи и. т. н. За да биде поусложнета работата (наместо да се упростува) покрај книжниот дневник сега имаме и електронски дневник.“-  истакна Станковски и додаде дека наставникот се претворил во административец и ја изгубил основната негова улога, целосно вложување во наставниот процес.

„И згора на се екстерно оценување кое претставува тотално промашен проект во образованието! Се поставува прашањето зошто? Затоа што на крајот на учебната година, тогаш кога учениците треба да се вложат себе си за подготовка на крајните тестови и оценки тие се растревожени од така наметнатото екстерно тестирање, а наставниците се под притисок бидејќи постојано се кажува за казнените одредби за отсапките од оценкта од екстерното и оценката од наставникот. Што значи бесполезно е наставникот цела година да се вложува себе си и да постигнува позитивни резултати и успеси затоа што на крај на годината има некој кој е моќен тоа вреднување, оценување од целокупниот тој годишен влог да го направи само во рок на еден час и на крајот на краиштата, да го казни наставникот кој макотрпно се трудел да биде втор родител да биде учител да биде буден чувар на децата кои му ги довериле родителите.“– рече Станкоски.

Од ОК на ВМРО-НП Охрид, уверуваат дека ВМРО – Народна партија како дел од новата влада, после парламентарните избори ќе се заложи да се врати досотинството на просветните работници.

„Просветните инспектори ќе бидат коректори на наставниот прецес што е нивна основна задача. Професорите повеќе нема да имаат страв од нив со што полесно ќе се насочат кон подобро остварување на образовниот процес. Исто така, веднаш ќе се заложиме да се укине изживувањето како врз учениците така и врз професорите наречено „екстерно тестирање“. Како што напоменав, не може некој за еден час да ја оцени целогодишната работа и трудот кој се вложил сето тоа време. Просветните работници повторно ќе бидат достоинствени и горди што се дел од наставниот процес, а не да живеат во страв од казни и да немаат никаква волја за својата работа. Тие повторно ќе бидат насочени само кон успешно одвивање на образовниот процес и нема да бидат малтретирани со административни непотребни работи.“– заврши Станковски.