Пелистер осамен на врвот од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 24-то коло од Првата македонска фудбалска лига, при што беа постигнати следните резултати:

Брегалница Штип 1:0 Турново

Гостивар 1-5 Металург

Македонија ЃП 2:2 Вардар

Напредок 1:3 Пелистер

Шкендија 3:1 Работнички

По оваа победа Пелистер се најде осамен на врвот со 44 бодови, а веднаш зад него со по 41 бод се наоѓаат Турново и Работнички.

Утре се игра уште еден натпревар од 24-то коло од Првата МФЛ – Ренова игра против Еуромилк.

WebOhrid