Градоначалникот Бакрачески оствари работна средба со бизнисмен од Либан

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна средба со Надим Саоу, познат бизнисмен од Либан кој е заинтересиран да инвестира во Охрид, во изградба на хотели  и апартмани со можност да вложува и во проекти од областа  на  јавно приватно партнерство.

Градоначалникот Бакрачески  го запозна својот гостин со сите реални проекти на општина Охрид во кои може да се инвестира –  мал шопинг центар, зелен пазар, ски центар, дом за стари лица, аква парк, истакнувајќи дека Локалната Самоуправа  би  ја прифатила секоја  постапка на јавно приватно партнерство   онаму каде може локалната да наплаќа комунални такси односно од соработката да остварува профит и таа.

На инвеститорот од Либан му беа  посочени  сите  локациите  во градов, а за кои општината веќе има изработено целосна планска документација, односно може веднаш да се започне со  реализација на  бизнис идеја.

Придружуван од претставник од локалната самоуправа заедно со своите соработници, г.Саоу попладнево е на прошетка низ Охрид со намера да ги види сите локации кои се добри за инвестирање.

Инаку тој во Охрид престојува прв пат  и е воодушевен од она малку што за кратко време го видел, а го поседува Охрид. Неговите убавини за прв пат ги видел  на фотографија  по што  одлучил веднаш да дојде кај нас затоа што заклучил дека градот е привлечна дестинација во која вреди да се вложува.

Investitori_Liban_4851