Тунтев: Што е ново, што е поразлично од тоа што беше во минатиот период?

Ставот на СДСМ во однос на издавањето на паркинзите, односно најавите или намерите на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ги издаде паркинзите под концесија со јавно приватно партнерство е следниот:

„Некои политички партии направија кампањи во локалните избори и добија огромен број гласови и доверба од огромен број гласови од охриѓани токму на темата издавање на паркинг простор. Тие исти советници во поранешаната опозиција беа најгласни противници на издавањето на паркинзите под концесија или под закуп, истата нова локална власт едноставно ги раскина договорите и тврдеше дека единствен начин во интерес на Охрид и охриѓани е паркинзите да ги стопанисува јавното претпријатие. Нашиот став е јасен од следниот аспект: Кога се носеше одлука за враќање на паркинзите во сопственост од Општината на јавното претпријатие, советничката група на СДСМ гласавме воздржано, заради тоа што знаевме дека во позадината на сево ова лежи токму ова што сега ДПМНЕ ни го предлага како решение. Значи затоа јасно и децидно се спротивставуваме на овој начин од оваа хипокризија затоа што ова е една ноторна лага што ја пласираше ДПМНЕ во предизборието за сега да дојде на она истото кое што толку ревносно гласно и бучно го критикуваше на п0четокот. Прашањето е што е ново, што е поразлично од тоа што беше во минатиот период. Дали требаше да се рушат рампите, веднаш по доаѓањето, ние велевме не треба да се рушат рампите. Дали требаше да се донесе правилен режим на сообраќај, ние велевме треба, ни Р од режим сообраќај немаше летото. Дали требаше да се негираат финансиските и економските интереси на ЈП со потпишаните договори, ние велевме не – договорите носат средства. Нашиот став ќе биде дециден, ние сме против ова и ќе ги поддржиме сите акции и на политички партии и на невладини организации и здруженија кои ќе одат во контекст на тоа со јавните паркинзи во градот да се најде начин да стопанисува јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Очигледно е дека опозицијата без оглед од кои политички партии доаѓа е единствена во таквиот став. “- истакна претедателот на ОО на СДСМ Охрид и советник при општината, Томислав Тунтев.

SDSM_kandidati_02

WebOhrid