Претседателскиот кандидат од ГРОМ, проф. д-р. Зоран Поповски во четврток (3 април), ќе се претстави пред граѓаните на Охрид. Во 18 часот во просториите на ГРОМ-Охрид, Поповски ќе одржи средба со граѓаните. Во 18 и 30 часот ќе прошета по охридската чаршија, а во 19 часот кандидатот за претседател на ГРОМ, Поповски ќе одржи митинг на градскиот плоштад, информираат од партијата.