Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во Охрид

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, денеска ја започнува посетата во охридскиот регион во село Белчишта, каде ќе оствари средби со тамошните жители. Пендаровски посетата ќе ја продолжи со прошетка и посета  во село Мешеишта, а потоа  ќе се упати на средба со жителите на село Волино.

Пендаровски посетата ја продолжува  во струшкото село Боровец. Пендаровски ќе оствари средби со жителите на село Подгорци, а потоа ќе се упати на средби со жителите на Вевчани.

Во 18:00 часот, претседателскиот кандидат пристигнува во Охрид, каде ќе ја посети црквата кај Чинарот, за подоцна да се упати на прошетка и средба со граѓани во охридската чаршија.  Пендаровски ќе се упати на средба со младите охриѓани.

Во 20:00 часот ќе се одржи централниот настан на градскиот плоштад во Охрид на кој ќе се обрати претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, но и ќе ги слушне прашањата на охриѓани и ќе ги даде своите одговори.