ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со голем митинг во Скопје

Политичките партии од утре ја почнуваат предизборната кампања за предвремените парламентарни избори.

Кампањата за предвремените парламентарни избори која почнува утре, отсега паралелно ќе се одвива со кампањата за претседателски избори.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кампањата за парламентарните избори ќе ја почне утре од Скопје со голем митинг на плоштадот „Македонија“ со почеток во 20 часот.