ВМРО-ДПМНЕ најави нови над 1000 вработувања во Охрид

ОК на ВМРО ДПМНЕ  денес одржа прес-конференција, на која што свои обраќања имаа кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Александар Николоски.

 „Мое огромно чест и задоволство ми е да најавам дека од денес официјално почнуваме со кампњата во која очекуваме убедлива победа, затоа што ВМРО ДПМНЕ како партија докажа во Македонија дека е наизградена, најконструктивна и најорганизирана. Најголемото задоволство ми е да ги најавам 2046 проекти кои Владата во својата програма ги најави и рече дека ќе ги изврши до крај сите дадени задачи кои ги презеде како одговорност.“– истакна кандидатот за пратеник, Љубен Арнаудов.

LjubenArnaudov

Кандидатот за пратеник Сашо Василевски рече дека тие како кандидати за претставници во парламентарниот дом, но и како охриѓани, своите сограѓани ќе ги претставуваат чесно и одговорно.

„Тоа го зборувам затоа што  во изминатиот период од доѓањето на власт и водење на оваа држава на ВМРО ДПМНЕ на чело со нашиот премиер Никола Груевски тоа ние во континуитет го докажуваме. Ние нема да ви ветуваме многу проекти, нема да ви ветуваме нереални соништа ние ќе ви ветиме она што ќе го направиме.Изминатите шест години во градот Охрид сте сведоци дека она што ние го ветивме,како на пр. Раководство ЈЗУ Детска болница Охрид во целост го исполнавме. Овие избори се посебно важни затоа што се и претседатески и парламентарни. Претседателските избори се од исклучително големо важност, затоа што со изборот на нашиот почитуван проф.д-р Ѓорге Иванов кој во изминатиов период ја обавуваше одговорно функцијата претседателн на РМ е единствениот политичар, претседател на РМ, кој јасно и без двоумеење ја повлече црвената линија за македонските национални интереси. Ние како парламантарци ќе направиме се во однос на лобирањето носење на позитивните законски регулативи како би нашиот град после долги години профункционирал и на централна и на локална власт. Ве уверувам дека ниту во еден момент нема да ја изгубиме вашата доверба.“ – рече Василевки.

SasoVasilevski

Актуелниот пратеник и кандидат за иден пратеник, Александар Николоски, потенцира дека нивната цел е во следните 20 дена да имамат  позитивна кампања, кампања на која ќе презентирале што се направиле за Охрид и РМ во изминатите 8 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и кои се проектите кои што планираат да ги реализираат во следниот период. Првата тема на денешната прва прес конференција на овие парламенарни избори 2014 беше изградбата на автопатот од Кичево до Охрид.

„Сметаме дека се работи за најголемото инфраструктурно дело реализирано во поновата историја на РМ, во вкупна инвестиција од 375 милиони евра, инвестиција поголема од сите досегашни инвестиции во автопати во РМ. Рокот за изградба е 3 години, односно во 2017 година очекуваме да биде готов автопатот од Охрид до Кичево. Автопатот ќе значи многу, пред се за подобро поврзување  на Охрид со остатокот на државата и остатокот на регионот, за развој на туризмот, за развој на локалната економија в долж на автопатот, но и за развој на целокупната економија. И најбитно ќе значи нови работни места. Првите ефекти веќе се чувстуваат. Кинеската влада строго ги почитува договорите и согласно законот кој го усвоивме 49% од фирмите кои што ќе работат и 51% од работниците треба да се од РМ. Така, една  градежна фирма веќе објави оглас за 670 вработувања, а во текот на овие денови ќе излегуваат и следни огласи за над 1000 вработувања. Вработувањата се и со вискоко и со средно образование соодветно на потребите и на квалификациите на луѓето.“ – истакна Николоски.

Николоски ги повикува сите охриѓани да ја искористат оваа можност да аплицираат,  доколку ги исполнуваат условите да се вработат и на тој начин да донесат подобро утре за себе и за своите фамилии.

„1000 вработувања во Охрид не паметиме кога последно се случиле можноста е сега рокот е 5 дена во кој што треба да аплицираат и да ги добијат овие работни места.“ – додаде Николоски.

WebOhrid