Во сабота акција за зелен отпад во реонот на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и Охридати

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 12-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од реонот опфатен со границите на улиците:  Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.