Насилнички чин на Табановце – патник ја искрши рампата на царинската контрола

На граничниот премин Табановце, патник ја искрши граничната рампа откако не му беше дозволен влез од царинските службеници поради носење на поголема количина техничка стока која подлежи на царина.

 На 10.04.2014 година околу 20:45 часот за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило Opel Vectra-B Caravan со привремени германски таблички, управувано од македонски државјанин (А.Р.) кој патувал заедно со својата сопруга (М.Р). На прашање на царински службеници “Што имате да пријавите за царинска контрола” лицето одговорило дека во возилото носи нов телевизор, нов музички систем и лична багаж.

По извршениот преглед, на патникот му е укажано дека треба да плати увозни давачки за стоката која ја пријави, на што нервозно изреагира. По десетина минути лицето се упати кон просториите на водичот на смена за да бара објаснение и да издејствува влегување во државата без плаќање на увозни давачки. Откако му е објаснето дека нема да може да влезе со стоката во државата, без да плати царина, А.Р. со голема брзина ја помина полициската контрола непријавувајќи се за пасошка контрола, ниту пак за царинска контрола, по што се одалечи од преминот во правец на Куманово.

По реакција на царинските инспектори од мобилните тимови при Царинска управа и полициската интервентна служба од СВР Куманово, возилото е сопрено на наплатната станица „Романовце“-Куманово и лицата се спроведени до граничниот премин „Табановце“ за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот против А.Р. и М.Р. поднесени се платни налози за сторен прекршок.