Јавен оглас бр.01/2014 за комерцијално презентирање на хотелско–угостителски објекти во водичот на градот Охрид

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот и локалниот економски развој за 2014 година и Одлуките на Советот на Општина Охрид бр. 07-8330/26 и 07-8330/27 од 30.12.2013 година), Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.01/2014 за 

Комерцијално презентирање на хотелско –угостителски објекти во водичот на Градот Охрид 

Предмет и цел на огласот:

Комерцијално презентирање на Вашитe хотелско-угостителски објекти во водичот на Градот Охрид, рубрика составена од 10 страни посветени на хотелско-угостителските објекти кои својата дејност ја извршуваат на територијата на Општина Охрид. 

Хотелско -угостителските објекти ќе бидат презентирани во внатрешните страни на водичот преку фотографии,текст и информации со зафатнина од  ½ од страницата и зафатнина од ¼ од страницата.

Целта на овој оглас е поттикнување на туризмот преку презентција (маркетинг и промоција) на туристичкиот потенцијал на град Охрид како туристички, културен и духовен центар на Република Македонија.

Право на учество: 

Право на презентација  имаат сите заинтересирани хотелско-угостителски објекти кои својата дејност ја извршуваат на територијата на Општина Охрид.

  Хотелско-угостителските објекти во својата достава по овој оглас треба да достават:

– фотографии од својот објект;

– адреса на која наоѓа објектот;  

– информации за контакт (телефонски број и e-mail адреса) и

– информации кои ги сметаат за значајни за читателот на брошурата.

  Информации за цената за презентација во брошурата (зафатнина од  ½ од страницата и зафатнина од ¼ од страницата) ќе бидат достапни во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.

Доставување на податоци:

Секој заинтересиран хотелско-угостителски објект  своите фотографии со прилог податоци за објектот треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака ,,по оглас за комерцијално презентирање”. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Затворениот плик треба содржи ЦД со фотографии и потребните податоци кои се наведени во огласот.        

Адресата на која треба да се достават материјалите е:

Општина ОХРИД

СЕКТОР ЗА ТУРИЗАМ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

ул. Македонски Просветители бр.8 (зграда-Централен Регисар) 

6000 Охрид

Со назнака „за Оглас за комерцијално презентирање“

Или лично во Архивата на Секторот за туризам и локален економски развој (зграда-Централен Регисар-трети кат).

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел.046/230175, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, или во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој.

 Рок на доставување:

Пријавите по наведениот оглас да се достават најдоцна до 18.04.2014 година до 12 часот.

Пријавите за огласот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.

 ОПШТИНА ОХРИД

Секторот за туризам и локален економски развој