Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 18 април, Велики Петок, петокот пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.  

 Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.