Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу македонското и српското цивилно воздухопловство

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Дејан Мојсоски, на 17 април во Скопје, потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија г. Милан Живановиќ, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство како и документација. Овој Меморандум за разбирање воедно ги покрива и областите во поглед на програмите за обука, испити и лиценцирање; операциите поврзани со лет и аеродроми; пловидбеност и регистар; потрага и спасување како и работите поврзани со Националните надзорни власти (NSA) и Службите за воздушна навигација (ANS).

MemorandumCivilniVozduhoplovstvaMakSrb02