Пештани ќе добие шеталиште покрај езеро

Раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски денеска беше во обиколка на градежните активности кои се одвиваат во Пештани. Досега речиси целосно е завршено покривањето со бехатон плочки на неколку улички, а потпорниот ѕид кој се гради покрај езерото на потегот од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица е во завршна фаза. Со завршувањето на изградбата на потпорниот ѕид, овој простор ќе прерасне во шеталиште кое ќе биде и хортикултурно уредено.