Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, денеска на прес-конференција информираше дека СДСМ поднесе Кривична пријава против премиерот на Македонија, Никола Груевски.
„Груевски со побараниот и примениот милионски кеш во случајот Македонска банка направил три тешки кривични дела, ПРОТИВЗАКОНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ, ПРИМАЊЕ ПОТКУП и ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК. Пријавата ја поднесуваме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со неа како доказен материјал е доставена и аудио снимката на којашто јасно се слушаат инструкциите на Груевски и неговата инволвираност во извршувањето на делата.Никола Груевски ја искористил својата службена положба како пратеник и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 и 2004 година. Од тие позиции посредувал и влијаел кај мнозинството акционери во Македонска банка АД Скопје, да ги продадат акциите од 51% на Јовица Стефановиќ-Нини. За тоа Груевски договорил награда од 1.500.000. евра директно во кеш, а останатите 900.000 евра со сукцесивно повлекување, повторно во готовина.Груевски дал лажни податоци за своите приходи. Никола Груевски противзаконски избегнал плаќање данок кон државата, на што бил обврзан. Со тоа ја оштетил и државата и граѓаните на Македонија.“– истакна Заев.
Заев рече дека од обвинителството очекуваат ефективна истрага за случајот Македонска банка, посебно како што рече Заев, што во него постоеле сериозни индиции за криминал направен од лице коешто 8 години е на чело на државата,премиерот Никола Груевски.
„Обвинителството има можност, ако смета за потребно, да спроведе експертиза за веродостојноста на аудио снимката што ја приложивме како доказ. Така ќе паднат во вода сите очајни обиди на Никола Груевски да се скрие, преку лагите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и очигледната забрана на медиумите под негова контрола, да информираат за овој невиден скандал. Никола Груевски затаил данок. Само ова дело, според Кривичниот закон на Република Македонија, се санкционира со казна затвор од минимум 4 години. Шилото на вистината, за коешто зборуваше Никола Груевски, сега е на површина и не постои начин да се врати назад. Тоа е шилото на вистината за владеењето на Никола Груевски. За тоа на кој начин тој создал цел систем на купување и конторола на се во државата, и како се одржува на власт.Повеќепати го повикав Никола Груевски да го призае криминалот во којшто е лично инволвиран и да се повлече. Со тоа да и помогне на Македонија и на нејзините граѓани да закрепнат од неговото расипничко владеење. Бидејки Груевски одбива тоа да го стори, јас денеска ќе продолжам да вадам докази за кеш игрите на Никола Груевски.“– рече Заев.
Заев, денеска презентираше нови документи за како што кажа примен КЕШ.
„Еве ги тие официјални документи. На нив го има црвениот партиски печат на ВМРО-ДПМНЕ и потпис на овластеното лице, најверојатно тогашниот секретар на партијата. Станува збор за потврди за примени пари во кеш, како донација, во 2006-та година, од 30.000 евра и 50.000 евра, или вкупно 80.000 евра. Како донатор се јавува лицето Тумбовски Загорец. Во моментот на уплатата на донацијата во КЕШ, Никола Груевски, покрај претседател на ВМРО-ДПМНЕ е и премиер на Република Македонија, веќе 4 месеци. Сега те прашувам дополнително Никола Груевски,
-Дали со твое знаење и налог, тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати има земено неколку стотици илјади евра на основ ДОНАЦИЈА?
-Дали средствата што се земени во готово се внесени на партиската сметка на ВМРО-ДПМНЕ?
-Дали овие средства се прикажани во завршната сметка на ВМРО-ДПМНЕ?
Согласно финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ за 2006-та година и за годините потоа, вакви износи на партиската сметка не се евидентирани.
-Дали овие пари, на име донација, наместо во партијата, завршиле во вашите џебови?
-Дали Никола Груевски знаеш дека донација од физичко лице за политичка партија согласно тогашната и сегашна законска регулатива е во максимален износ од 5.000 евра?
-Никола Груевски, ќе и објасниш ли на целата македонска јавност за ова ново кривично дело и за оваа нова злоупотреба?
Да се потсетиме дека во затворите во Македонија лежат луѓе за многу помали суми проневерени пари, за разлика од овој случај, каде што јасно се гледа: кој, кога и колку пари земал и на кој начин!
Ова се докази дека Никола Груевски, на ист начин како и пред да стане премиер, и откако станал премиер на државата, продолжил да работи и да прима пари во кеш.
Сега повторно те прашувам Никола Груевски,
Ќе ги тргнеш валканите раце од државата, понесувајки ги со себе и своите валкани соработници или да продолжам да вадам и други докази за криминал, твој и на твоите соработници? “- запраша Заев.