37 години постоење на ОУ „Христо Узунов“

Со разгледување на изложба од ликовни педагози и детски ликовни творби во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид вечерва продолжија чествувањата за патрониот празник на ОУ „Христо Узунов.

Во Центарот за култура се одржа и свечената приредба,  на која беше прогласен првенец на генерацијата од ова училиште, следуваше изведба на  учениците од рецитаторската секција, хорот и оркестарот на училиштето, под раководство на професорите Оливија Пирузева Јанева, Вера Булоска, Илија Булоски, Стефанка Ангелоска и Билјана Трајкоска.

Присутните во салата ги поздрави  директорот на училиштето, Тони Симоновски.

„Вечерва се навршија 37 години од постоењето на нашето училиште. Имавме прекрасна приредба, пред тоа следуваше отварањето на изложбата која што исто така содејствуваше со темата која што денеска е значи, „Посеано од дамнина, расеано за навек“, така да сведоци бевме на нешто несекојдневно. Со доста труд и ентузијазам на наставничкиот кадар и на учениците успеавме да доловиме една прекрасна претстава на нашите ученици, односно на гостите кои што беа присутни во салата.“- изјави за WebOhrid, Симоновски.

Чествувањето продолжува и утре со полагање на цвеќе на бистата на Узунов на градскиот плоштад  и одбележување кое ќе се случува на споменикот во с.Цер,Кичевско.

Ангелче Андриоски/WebOhrid