Одржана работилница за виртуелно претприемништво

Во  ОУТУ „Ванчо Питошески” од Охрид во организација на „Институтот за бизнис економија” од Скопје се одржа работилница, како дел од “Проектот за истражување на бизнис сосотојбите во Македонија”.

 Работилницата се одржа на тема “Виртуелно претприемништво” и во неа беа вклучени учениците од четврта година. Целта на работилницата беше да се презентираат нови начини преку кои младите ќе можат да станат претприемачи и да ги реализираат бизнис идеите преку дигитализација на производи и услуги и користење на социјалните мрежи. Модератор на обуката беше м-р Мартин Киселички.